Инвестиција: Скопска Пивара ќе се вози со модели на VW групацијата

ОБЈАВЕНО НА:

Порше Македонија повторно беше избрана да го обнови возниот парк на една компанија, овојпат Пивара Скопје. И не за неколку возила, не за десетина, туку за 128 нови автомобили од VW групацијата.

Обновување на флотата на Пивара Скопје со 128 нови возила е уште една во низата инвестиции кои Пивара Скопје ги прави речиси едно столетие. Целта на оваа инвестиција е зголемена безбедност на нашите вработени, развој и одржување на продуктивноста и конкурентноста, како и заштита на животната средина преку намалување на емисијата на CO2 за повеќе од 20 отсто, се пофалија од Пивара.

Нема информација колку автомобили од кој бренд се во оваа флота, но секако најголемо место завземаат новите Skoda Fabia модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK