Се чини дека коронавирусот нема негативно влијание за Kawasaki, барем кога е во прашање развојот на нови модели.
Јапонскиот производител соопшти дека веќе следниот месец ќе претстави дури шест нови модели.
Премиерата е закажана за 23 ноември, а во таа насока производителот објави и тизер видео.
Иако нема детали, сепак на овој датум премиера ќе имаат освежените ZX-10R и ZX-10RR модели. Тука ќе биде и моделот H2 како и освежените KLX 250 и KLX 650.