среда, 25 декември, 2025 година

Возач инвалид со една нога возел со 200 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Бизнисмен од Кембриџ во Англија беше фатен од полицијата како своето црвено Lamborghini Aventador го управува со брзина од 200 км/ч на автопат во Франција. Оправдувањето на Ешли Смит било во неговата протеза. Тој се оправдал дека едната нога се заглавила меѓу педалите и дека не можел да ја намали брзината.

Тој ја загубил левата нога при несреќа во 2002 година. Минал три години во инвалидска количка, но тоа не ја намалило неговата страст за моќните автомобили. Оттаму тој постојано е во автомобил, а бил фатен како вози пребрзо при патување кон Монако каде требало да учествува на рели за супер автомобили. Радарот го фатил со недозволена брзина во близина на Рен.

- Advertisement -

Во прв момент Смит се обидел вината да ја префрли на механичка повреда, но полицајците побарале совет од механичар, кој ги убедил дека автомобилот е потполно исправен. Откако видел дека неговото објаснување не држи, се обидел да се оправда со протезата.

На крајот 43-годишниот Британец морал да плати казна од 750 евра. Воедно добил и забрана за управување на автомобил низ Франција во следните шест месеци.

Ешли е познат во својот роден град како со љубовта кон брзите автомобили така и со доброто срце. Неодамна бизнисменот купил скутер за инвалиди Shoprider Sovereign за 1.356 евра на 89-годишен дедо, откако неговиот бил украден. Смите е и пријател со многу познати личности меѓу кои е и фудбалерот Дејвид Бекам.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја