недела, 25 декември, 2025 година

Интерпол со потерница бара петмина менаџери на VW поради дизелгејт

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во САД е издадена меѓународна потерница по петмина поранешни менаџери на Volkswagen обвинети за погрешно однесување во врска со дизелгејт аферата со емисијата на штетни гасови, пишува весникот Зидојче Цајтунг.

Петтемина поранешни менаџери и луѓе во оделот за развој од кои двајца извршни лица, се посочени од сттрана на властите на САД за заговор во однос на аферата во која се премолчале околу емисијата на штетни гасови.

- Advertisement -

Портпаролот на VW во седиштето во Волфсбург немал коментар околу пишувањата на весникот.

Шестата личност поврзана со аферата, менаџерот на VW, Оливер Шмит беше уапсен уште во февруари годинава во Мајами обидувајќи се да замине за Германија. Тој очекува судење во затвор во САД, откако одби да се договори со обвинителството.

Германските власти не се согласни да ги екстрадираат петтемина обвинети менаџeри во САД. Според Уставот на Германија, нивните државјани може да бидат екстрадирани само во земји на Европската Унија или на меѓународен суд. Но, доколку ја напуштат Германија може да се соочат со ризик да бидат екстрадирани во САД од трета земја.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја