петок, 25 ноември, 2025 година

Интересот за XC40 над очекувањата – пристигнаа 80.000 нарачки

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Помалку изненадувачки голем интерес е регистриран за најновиот компактен SUV на Volvo, XC40. По светската премиера минатата есен и официјалниот старт на примањето на нарачки, Volvo досега прими 80 илјади нарачки.

Големиот интерес е неочекуван за Volvo поради што швеѓаните се најдоа во проблеми поради преоптовареност на производниот капацитет. 20.000 нарачки од вкупниот број на досегашни нарачки доаѓа од Кина поради што производителот веќе работи на проширување на производните капацитети во Кина во фабриките на Lynk&Co.

- Advertisement -

Во моментов овој модел интензивно се произведува во фабриката на Volvo во Гент (Белгија) каде во моментов се врши и производството на S60. Реструктуирањето на производството ќе го стопира производството на S60 во оваа фабрика, а поради неможноста за проширувањето на производниот капацитет во оваа фабрика, постои можност XC40 да прошири и во фабриката во Шведска и Кина.

Само за потсетување, овој модел во март годинава ја доби престижната награда “Автомобил на годината” во Европа што секако влијаеше и врз зголемениот интерес за овој автомобил.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја