Интересни факти поврзани со бојата на вашиот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата на автомобилот е најинтересниот момент при купување на автомобилот. Секогаш обично ја избираме омилената боја, но според експертите бојата на автомобилот има поголемо значење од само обична боја.

Во продолжение ви прикажуваме неколку интересни факти поврзани со бојата на автомобилот.

  • Според студијата спроведена од Универзитетот во Окленд (Нов Зеланд) сребрените автомобили имаат за 50% помала веројатност да бидат вклучени во сообраќајна несреќа споредбено до автомобилите со бела боја.
  • Според Ројтерс, најмалку безбедни се автомобилите со зелена, кафеава и црна боја.
  • Белата е најпопуларната боја на автомобили
  • Според оптометристите црвената е најтешката боја за гледање
  • Црната, црвената и другите темни бои абсорбираат најмногу ултравиолетови зраци.
  • Навечер, белата е најлесно приметливата боја во споредба со црвената која од поголема далечина изгледа како црна.
  • Најмалку омилена боја на автомобили е зелена.
  • Сребрените автомобили кријат најмногу нечистотија.
  • Црвените автомобили покажуваат најмногу нечистотија.
  • Сопствениците на црвените и црни автомобили нотираат дека внатрешноста на нивните возила се загрева побрзо отколку кај возилата со други бои. Ова се должи на апсорпцијата на топлински зраци од сонцето која е поизразена кај овие бои.
  • Жолтите автомобили најдобро се гледаат во облачните денови и во снежни услови.
  • Според истражувањето на Монаш Универзитетот, автомобилите со боја имаат за 10% помала веројатност да бидат дел од сообраќајна незгода во текот на дневните часови во споредба со црните, сините, сивите, зелените, црвените и сребрените автомобили.
  • Според истражувањето во Шведска во кое биле опфатени 31 илјада сообраќајна незгода, црните коли учествуваат во 22.5% во сообраќајните незгоди. Тоа значи дека црните автомобили имаат за пет пати поголема шанса да бидат дел од сообраќајна незгода. Според истото истражување, најбезбеднаа боја е… розевата.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK