Интересна идеја – полнење батерии од бандера за улично осветлување!

ОБЈАВЕНО НА:

Добрата идеја при полнењето на електричните автомобили е дека може да се користи и постојната мрежна инфраструктура. Нов проект во Велика Британија демонстрира корист од ова. Во него Siеmens вгради станици за полнење во 24 бандери за улично осветлување во растојание од околу пола милја (800 метри) на авенијата Сандерленд во Лондон. Делот на улицата беше преименуван доволно соодветно во „Електрична авенија W9″.

Улицата се наоѓа во лондонскиот кварт Вестминстер, кој има повеќе места за полнење од сите други во Велика Британија. Новата инсталација има 296 гнезда за полнење во бандерите за уличн осветлување. Проектот е одговор на зголемената побарувачка на електрични автомобили во 2019 година.

Полнењето од сијалиците може да биде важно за жителите на градот бидејќи доста од возачите на електричните автомобили сметаат на полнење во домашни услови. Сепак, доста од живелите на градот живеат и во апартмани без паркинг места надвор од улицта. Тоа значи дека тие ќе можат да сметат на повеќе на можноста за полнење од јавната инфраструктура.

Во Њујорк на пример во движење се симболични за промените во технолошките тенденции, размислувања дека телефонските кабини исто така можат да бидат претворени во станици за полнење. Логиката е следната, телефонските кабини излегоа од употреба во ерата на мобилните телефони. За таа цел градските власти објавија конкурс за наоѓање на нови идеи за користење на телефонските кабини, а полењето на електричните автомобили беше еден од предлозите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK