Интел ќе инвестира 250 милиони долари во самостојни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Компјутерскиот гигант Интел планира да влезе во натпревар во брзорастечкиот пазар на автономни возила. На саемот во Лос Анџелес, главниот извршен директор Брајан Кржанич изјави дека Интел Капитал планира да инвестира повеќе од 250 милиони долари во следните две години во развој на технологија за автономни возила.

За време на неговит говор Кржанич изјавил дека компанијата ќе ги искористи експертите што ги има за да работат на визијата што ја имаат, 5Г поврзување, виртуелни машини, безбедност.

Интел важи за компанијата што не е меѓу големите автомобилски добавувачи, во последните години го зголеми присутвото во оваа индустрија. Само во последните 12 месеци компанијата потврди дека имаат потпишано нарачки со различни автомобилски производители вредни 1 милијарда долари.

Клиенти на Интел се: BMW, Daimler, Hyundai, Infiniti, Jaguar, Kia, Lexus, Mini, Rolls-Royce, Toyota, Tesla и други.

Во јули Интел објави дека почна заедно да работи со BMW и Mobileye на развој на систем за самостојно возење за INext, што треба да ја замени series 7 sedan како знаменосец на BMW. Трите компании ќе направат нивната технологија да биде достапна за другите производители, и проектот на целосно автоматизирани возила комерицијално ќе биде во употреба до 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK