Insignia Sport Tourer – најагилниот голем караван од Риселсхајм

ОБЈАВЕНО НА:

Два месеци по промоцијата на втората генерација на Opel Insignia, компанијата ја покажува и караванската изведба – Sports Tourer варијантата. Повеќе детали ќе има при промоцијата закажана на саемот на автомобили во Женева на почетокот на следниот месец, заедно со лимузинската верзија.

Станува збор за модел кој ќе биде практичен и со багажен простор од 520 литри, кој може да се зголеми до 1.638 литри со спуштање на задните седишта. Тоа е 100 литри повеќе од претходникот.

Благодарение на нвата механичка платформа, караван верзијата сега е полесна и до 200 кг. од претходникот. Тоа е постигнато со користење на лесни материјали и ефикасно пакување. Во комбинација со пониското седење на возачот, резултатот се гледа во значителното подобрување на возната динамика, бидејќи никогаш досега голем караван од Риселсхајм не бил толку агилен. Истовремено моделот добива и поголеми димензии, и тоа 73 мм. во должина, додека меѓуоскиното растојание е продолжено за 92 мм.

Засега Opel не ги објави деталите околу моторизацијата, а се претпоставува дека ќе има 1.5 литарски турбо бензински мотор со 165 КС и 250Нм вртежен момент, како и 2.0 литарски бензински мотор со 250 КС со погон на сите тркала. Во однос на дизелските мотори ќе се очекуваат 1.6 и 2.0 турбо. Кај основните модели погонот ќе биде само на предните тркала.

Кога ќе почне да се примаат нарачки тогаш Insignia Sports Tourer ќе биде достапна со целата лепеза на бензински и дизелски моторои, со најнова генерација на менувачи. Апсолутен хит ќе биде високоефикасниот осумстепен автоматски менувач, што во почетокот ќе се нуди во комбинација со погон на четири тркала.

Исто како лимузинската верзија, и караванот може да се нарача со новите IntelliLux LED светла со 16 диоди. Овие светла се побрзи во автоматската реакција, попрецизни и помоќни, а нивните долги светла може да „дофрлат“ до 400 метри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK