Insignia – новиот адут на Opel претставен во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од планот на Opel за промовирање на седум модели во 2017, пред три месеци беше премиерата на моделот Insignia. Моделот што досега е продаден во над 900.000 примероци сега има нов адут со кој ќе јуриша на милионот. Insignia и понатаму ќе се продава во повеќе каросериски верзии, вклучувајќи и караванска изведба (Insignia Sports Tourer).

Софистицирана во секој поглед, со најнова напредна германска технологија, луксузна удобност и вип третман ја прават Insignia совршен помошник на патот. Уште попривлечна од нејзините претходници, префинета, елегантна и возбудлива за возење, Новата Insignia е фантастично остварување на германската технологија, лидер во својата категорија кој ги задоволува сите критериуми и очекувања.

Новата Insignia е актарктивен автомобил. Формата на каросеријата е по угледот на големите куп емодели, а има и голема пространост благодарение на новата конструкција, и нуди високо ниво на безбедност. Втората генерација на Insignia плени со линијата и со современите решенија, почнувајќи од напредните Opel IntelliLux LED ® matrix headlights и ултра модерните системи за помош на возачите, како што се active lane keep assist, па се до престичниот head up дисплеј. Активниот поклопец на моторот што ги штити пешаците во случај на незгода го дополнува високото ниво на безбедност.

Покрај тоа што е подолга од претходната верзија, новата Insignia сега е и полесна и поширока, и има коефициент на отпор на воздухот од 0,26. Има и повеќе простор во внатрешноста, особено за оние на задните седишта. Багажниот простор е зголемен за 130 литри, а во понудата на мотори има неколку различни агрегати.

Основиот модел ќе стартува со цена од 23.000 евра, и ќе биде опремен со новиот 1.5 литарски мотор со 140 КС. Сите мотори се со 6 степен менувач, а оние најсилните – со осум степен менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK