Инсекти го запреа увозот на автомобили во Нов Зеланд

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Нов Зеланд го откажаа увозот на автомобили од Јапонија коишто се наоѓале на три големи брода, кои бил веќе пристигнати на едно пристаниште во земјата. Причината била во непријатната миризба на бродот предизвикана од инсекти кои во Македонија се познати под името „смрдливки“ (Palomena prasina).

Се работи за вид на инсекти кои може да го нарушуват екосистемот во земјата. Инаку, Нов Зеланд е прочуен по законите за заштита на својата природа.

„Смрдливките“ се инсекти кои се размножуваат брзо и се хранат со секакви растенија и се отпорни на поголемиот број на пестициди. Според властите во Нов Зеланд тие претставуваат сериозна закана за флората и фауната во Нов Зеланд, па затоа морало бродовите да се најдат во карантин.

Од локалната Асоцијација за увоз на автомобилите известуваат дека трите брода превезувале 10.000 нови и употребувани возила. Други 8.000 автомобили чекале на јапонското пристаниште за да бидат натоварени за извоз во Нов Зеланд.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK