Шпанскиот производител Seat објави револуционарен изум кој го носи звукоt во автомобилот директно во вашите уши.
Развиен заедно во соработка со компанијата Noveto, овој револуционарен систем овозможува звуците од било кој уред во автомобилот да бидат насочени кон ушите на секој патник. Со ова, ова решение ја надминува потребата од користење на слушалки или традиционални аудио звучници, наведуваат од двете компании.
“Seat има за цел да биде двигател на иновациите во развојот на овој вид техноолошки решенија, а ние сме особено горди на напредокот” изјави Фабиан Симер, директорот за дигитални технологии во шпанскиот производител.
Извршниот директор на Noeto, Брајан Валас ги истакна заедничките стремежи во развојот на тенологијата и помошта и знаењето кое Noeto несебично го споделува со цел Seat да продолжи да ја одржува лидерската позиција кога се во прашање иновациите во автомобилската индустрија.
Засега нема точни информации за тоа кога овој пронајдок ќе се комерцијализира, но шпанските медиуми пренесуваат дека во целост овој систем се очекува да биде развиен и истестиран до следниот декември.