Иновација: Измислија семафор за пешаци што се загледани во мобилните телефони

ОБЈАВЕНО НА:

Иновациите во сообраќајот и понатаму се чести, а првата земја во Европа која се сети да направи семафор за загледани пешаци во мобилниот телефон со што само ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Во Загреб веќе е инсталиран ваков семафор, а црвеното и зеленото светло се проектираат на земја.

Станува збор за пилот проект во рамки на капањата „Ден без мобилен телефон во сообраќајот“, чија цел е да ги предупредат пешаците и велосипедистите за опасностите од користење на телефоните во сообраќајот. Првиот семафор за невнимателни пешаци со телефони е поставен на раскрсницата на Франкопанската улица и улицата „Ѓуро Дежелиќ“.

Истражувањата покажуваат дека дури 50% од пешаците и 33% од велосипедистите користат мобилни телефони додека се наоѓаат во движење, а 20% од нив дури не ги ни забележуваат кога ќе се појави црвено светло на семафорот бидејќи нивниот фокус е на екранот на мобилниот телефон. Институтот за сообрајќна сигнализација на Факултетот за сообраќај во Загреб пронашол начин, како да ги предупреди пешаците со црвено светло.

Кога ќе се појави црвеното светло на семафорот за пешачки премин, тој се проектира на асфалтот во исто време така што пешаците забележуваат кога гледаат во истиот момент во телефонот.

Мобилниот телефон во Хрватска се смета како четвртиот убиец односно четвртата најчеста причина за фатални сообраќајни несреќи со смртни последици. Пред него се алкохолот, брзината и безбедносните ремени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK