недела, 25 декември, 2025 година

Иновација: Фаровите на Mercedes за поголема безбедност во сообраќајот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Фаровите не се само за осветлување на патот пред возилотo, тие се повеќе од тоа. Барем така е за секторот за развој и иновации на Mercedes кој ги претстави т.н. Digital Light фаровите кои се целосна иновација во поглед на функцијата.

Оваа нова технологија германскиот производител ја претстави на моделот Maybach S, а е сочинета од можноста да се продуцираат најразлични светлосни сигнали на патот пред автомобилот. Системот содржи одредени основни функции на класичниот “Head-Up” дисплеј како и сет на висококвалитетни LED светла благодарение на кои прецизно се исцртуваат предефинираните симболи на асфалтот во текот на возењето, а постои можност и за слободно испишување на одредени пораки.

- Advertisement -

Од Mercedes наведуваат дека оваа технологија е осмислена со цел дополнително да ги предупреди возачите за некои опасности на патот или пак да ги предупреди останатите возачи за тоа.

Покрај LED светлата, системот се состои и од камери и сензори кои се задолжени за детекција на потенцијалните опасности во сообраќајот. Германскиот прозиводител наведува дека оваа технологија може да биде искористена и како навигација со тоа што на асфалтот ќе се “исцртуваат” насоките на движење.

Сеуште не е јасно дали, кога и кај кои модели ќе дебитира оваа технологија.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја