Иновации: Измислени нови воздушни перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Конструкторите на автомобили продолжуваат да изработуваат различни воздушни перничиња со цел да се зголеми безбедноста на патниците во возилото. Во последно време се појавија и неколку нови интересни решенија што значи дека во иднина ќе има промени кај автомобилите.

Нов предлог за воздушно перниче има од страна на компанијата ZF од Фридрихсхафен. Се работи за централно воздушно перниче кое при страничен удар се надудува меѓу патниците и спречува да има удар меѓу нив.

Друг иновациски продукт се разработува од одделението на Hyundai Mobis. Тоа перниче би требало да ја заштити главата на патниците во случај да дојде до кршење на стаклениот панорамски кров. Во исто време нема да дозволи никој од патниците да излета надвор низ отворениот кров.

Независно од успешните тестови од Hyundai засега не сакаат да дадат прогноза кога би можело да се влезе во сериоско производство. И додека за оваа идеја нема информација, за централното воздушно перниче веќе станува извесно дека ќе дојде до негово монтирање и тоа во А8 моделот на Audi уште оваа есен.

При развојот на водушните перничиња не се мисли само на патниците во автомобилите. Се води интензивна работа и за заштита од удар на пешаците и велосипедистите. Засега единствена идеја која е понудена доаѓа од Volvo. Се однесува за заштита на предната хауба на возилото која би се активирала при удар на пешак или велосипедист.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK