Infiniti подготвува многу новитети во инфо системите

ОБЈАВЕНО НА:

Во Infiniti се работи на подготовка на новата генерација на информациско-забавниот систем кој ќе се поставува на следната генерација на модели од компанијата. Крајниот продукт се очекува да биде завршен во 2021 година.

Според првичните информации, Јапонците планираат да внесат уште поголем централен дисплеј, кој ќе го замени сегашниот со два екрани. Новиот распоред ќе биде само визуелно разделен, додека управувањето на климата ќе остане во долната половина како и сега.

Од Infiniti објаснуваат дека промените во системот ќе бидат доста сериозни. Тоа најверојатно значи дека ќе се види нова навигациска платформа и дополнителни апликации.

Што се однесува до сегашниот систем уште следната година тој ќе добие поврзаност со Android Auto и Apple CarPlay, како и врска со интернет.

Новиот инфо систем ќе се појави прво кај следните генерации на Q50, Q60 и Q70, кои исто така ќе добијат и нова целосна платформа, која ќе дозволува поголема електрификација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK