Индонезија е следната дестинација на големите авто производители

ОБЈАВЕНО НА:

Индонезија е земја која е позната по егзотичните плажи како и островот Бали. Меѓутоа оваа земја ги има сите предуслови да прерасне во симбол во индустријата на електрични автомобили.

Тоа е така поради бројните наоѓалишта на суровини кои се неопходни при производството на батерии за автомобилската индустрија, наведува Ројтерс.

Тоа придонесе да веќе пред неколку месеци Toyota и Hyundai ги објават своите планови за инвестирање во погони за производство на електрични батерии во оваа земја.

Сепак Индонезија има други амбиции во поглед на овие инвестиции. Земјата планира тие да се прошират и на полето на производство на електрични автомобили. Така министерот за индустрија Харханто изјави дека планот на Владата е до 2025 година 20% од производството на автомобили во земјата да бидат електрични.

Министерот потенцирше дека во моментов инвестициите се недоволни, но реализацијата на најавените инвестиции на Toyota и Hyundai ќе значи директен прилив на речиси 5 милијарди американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK