петок, 26 март, 2026 година

Ин мемориам – Љупчо Михајловски (28.06.1963 – 31.08. 2018)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ненадејно во Скопје почина Љупчо Михајловски еден од најпознатите автомобилски новинари во Македонија. Еден е од основачите на манифестацијата „Избор на автомобил на годината во Македонија“ и долгогодишен новинар во повеќе редакции.

Љупчо Михајловски остави длабок печат во светот на пишаниот збор, но и во електронските медиуми во земјава. Прераното заминување го дочека како уредник во списанието Авто Плус каде работеше последните години.

- Advertisement -

Првите чекори во новинарството ги направи во дневниот весник Вечер, пред три децении, во спортската рубрика, а потоа се префрли во економската, каде почна да пишува за автомобилизмот израснувајќи во големо новинарско перо.

Остави длабока трага во прилогот Авто Нома што излегуваше во весниците Нова Македонија и Вечер, во магазините: АвтоМотоМ, Современ Возач, Авто Плус, потоа „Високи Октани“, „5-та брзина“..

Беше еден од основачите на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ каде во два мандати беше и претседател.

Нека му е вечна слава

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја