Импресивно враќање на Fiat 126 или само желба?

ОБЈАВЕНО НА:

Популарниот сајт за автомобилизам motor1.com објави рендери од современата 126-ка на Fiat народски позната како “пеглица”. Рендерите се дело на сајтот и се неофицијални, но истите наиода на голема прифатенсот кај љубителите на автомобилизмот особено брендот Fiat и популарната “пеглица”.

Овој модел за прв пат на производствените линии на Fiat се појави во 1972 година. Се произведуваше се до 2000 година, а при тоа произведени се повеќе од 4 милиони примероци.

Покрај во Италија, овој автомобил се произведуваше и во Југославија, Австрија, Австралија и Полска, каде овој автомобил беше толку популарен што во земјите од источниот блок беше познат и како полски Fiat.

Fiat 126e

Дали ќе остане само желба и еден одличен рендер или Fiat ќе направи импресивно враќање на овој легендарен модел останува да видиме во наредниот период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK