Повеќе од две години Maserati активно работи на спортскиот модел MC20. Премиерата требаше да се одржи во мај годинава, но од познати причини истата е презакажана за во септември.
Како одминува време така италијанскиот производител објавува дополнителни информации и технички карактеристики.
Последните фотографии покажуваат дека ова ќе биде навистина возбудлив автомобил со дизајн односно форма што потсетува на Alfa Romeo 4C.
Ниту техничките карактеристики не се помалку импресивни. Тука е 3,6 литарскиот V6 twin-turbo мотор со повеќе од 600 КС. Подоцна ќе се појави и хибридна и целосно електрична верзија.
Инаку името на овој модел доаѓа од Maserati Corse 2020. Првите испораки ќе бидат спроведени следната година, а засега не е позната цената ниту бројот на примероци кои ќе бидат произведени.