Повикувањето на сервис од страна на производителите не е нешто невообичаено, па така секојдневно многу брендови ги повикуваат сопствениците на возила да дојдат и да се исправи некој дефект. За некого таквите дефекти и проблеми можеби се изгледаат смешни, но фабриките тоа го сфаќаат многу сериозно. Можеби вам ќе ви изгледа помалку чудно зошто Dacia ги повикува сопствениците на Daster на сервис.
Според објаснувањето од фабриката се работи за проблем со задното седиште. Рамката на задното седиште може да не биде доволно силна. Како резултат на тоа, нема да може да го држи багажот во багажникот во случај на несреќа, зголемувајќи го ризикот од повреда.
Моделите на Dacia Duster што се погодени од ова повлекување се произведени во периодот меѓу 26 ноември 2018 и 29 октомври 2019 година.
Ако имате ваков автомобил, внимавајте што превезувате во багажникот, и се разбира јавете се кај овластениот продавач, да се среди работата.
Од Аутомотив Груп, овластениот увозник за возилата од брендот на Dacia за Македонија, тврдат дека во овластениот сервисен центар на Аутомотив Груп не е пријавен ваков проблем ниту пак е пријавено вакво нешто во систем за возила кои пристигнуваат во Македонија.