Имате темен автомобил? Еве колку се загрева на сонце во споредба со останатите бои (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Добро е познато дека автомобилите со темна боја, особено црна, апсорбираат повеќе сончеви зраци т.е. светли. Тоа всушост е една од најголемите карактеристики на црната боја, без разлика дали станува збор за боја на автомобил, облека или можеби фасада на станбен објект.

За да утврди колкава е апсорпцијата на црната боја, екипата на MikesCarInfo објви видео каде користејќи FLIR термална камера прикажува колкава е апсорпцијата кај автомобил со црна боја, а колкава кај автомобил со посветла боја.

Од видеото може да се види дека автомобилот Toyota Highlander со црна боја има температура од 70,5 степени Целзиусови, додека белиот 45 што претставува разлика од цели 25,5 степени Целзиусови.

Целосното видео можете да го погледнете во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK