Имате алуминумски бандажи – еве како да ги одржувате

ОБЈАВЕНО НА:

Одржувањето на автомобилот секогаш е од големо значење и за долговечноста на истиот, а секој совет може да биде навистина драгоцен особено за одржување на одредени делови на истиот.
Советот за одржување на бандажите е еден од нив, а притоа е многу важно да се знае како би требало да се одржуваат алуминиумските бандажи. Покрај тоа што истите даваат убав визуелен ефект, добрите алуминиумски бандажи овозможуваат и подобро кочење. Бандажите исто така имаа помала нерамна маса која овозможува попрецизно управување со возилото и подобро однесување на истото во свиоците.

Сигурно ве интересира и кои препарати треба да ги користите за да ги одржувате своите бандажи и да ги доведете до совршенство, а еве го одговорот за тоа.

За да успеете да ги сочувате од нечистотијата од патишатата и од прашината од облогите над кочниците потребно е нивно редовно одржување. Најдобро во тоа ќе помогнат мека четка или сунѓер. Значи рачното одржување е пред сè.

Најважно е прво да ја исперете нечистотијата, а во тоа може да помогнат производите за чистење на бандажи кои овозможуваат брзо растворање на нечистоијата. Посебно внимание треба да се насочи кон средствата бидејќи тие не треба да содржат киселина, поради ризик од корозија.

Адекватно чистење единствено овозможуваат средствата кои не содржат кисели елементи во својот состав. За такви се сметаат сите чии pH-вредности се меѓу пет и девет.

Откако ќе ги исчистите ви препорачуваме бандажите да ги премачкате со заштитно средство коешто ќе ви овозможи конзервирање на тркалата во текот на целата година, а воедно подоцнежното чистење ќе го направи многу полесно бидејќи целата нечистотија останува на него.

Квалитетниот восок останува околу шест месеци на бандажите и поднесува температури дури над 400 степени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK