Имаше среќа, па го „стрефи“ малер: Преживеа удар од гром, а се откажа поради скршена рака

ОБЈАВЕНО НА:

Словачкиот мотоциклист Иван Јакеш имаше многу среќа на третата етапа на релито Дакар, на северот на Аргентина бидејќи преживеа удар од гром додека возел. Но, истиот продолжил да го вози својот мотоцикл и ја завршил етапата.

За среќа при ударот двете негови нозе биле на мотоциклот, па гумите на мотоциклот биле изолатор и спречиле несреќа. Инцидентот се случил на етапата од Сан Мигуел де тукумана до Сан Алвадор.

Откако ги мина лекарскит епрегледи Јакеш го продолжи натпреварувањето и по 4 етапа бил на 14 место во пласманот на мотоциклите. Но, на следната, петта етапа повторно имаше инцидент, и овојпат мораше да се откаже.

Јакеш имал тежок пад од мотоциклот и фрактура на десната рака. Во тие моменти бил на 8 место. Тој и досега настапувал на ова рели, а најдобар пламан му е 4. место во 2013 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK