Имајте секогаш сенф со вас – може да ве спаси на пат?

ОБЈАВЕНО НА:

Системот за ладење на автомобилите секогаш протекува во најнеопходниот момент. Во најдобриот случај сопственикот ќе види локва под моторот наутро на паркинг, но во најлошиот тоа е на сред патување на километри од сервис.

Денес на секоја бензинска станица се продаваат препарати за итно отстранување на проблемите од ладилникот. Тие, сепак, помагаат само додека автомобилот не стигне до сервис и често предзвикуваат потешки проблеми со оглед на тоа запушуваат повеќе од местото каде што течноста истекува.

Што може да се направи ако помошта на пат чини повеќе отколку самиот автомобил, а растојанието до најблискиот мајстор е премногу големо за да се вози без течност за ладење: Во такви ситуации се покажало дека работата ќе ја заврши сенфот. Само не обичен сенф, туку во прав.

Сувиот сенф обично се користи во различни бабини рецепти и тоа како козметичко средство, за белеење на ткаенини, за инсектицид и за уште многу други работи. Се продава најчесто во продавници за храна и како што се покажува може да биде незаменлив помошник при итни ситуации на патот.

Сенфот во прав има одлични хидроскопски својства и што биде намокрен, набабрува и брзо ги затвора дупките во радијаторот. Апсолутно е безопасен за цевките и за цревата на системот за ладење, не ги запушува и не предизвикува корозија.

Користење на подршка за затнувањето на течноста има една важна нијанса. Во ситемот треба да има само вода. Со антифриз не се добива истото.

За да се блокира ладилник кој протекол со сув сенф, температурата на моторот треба да биде најмалку 60 степени. Во казанчето се налева вода и се сипува прашокот после што смесата се промешува. Моторот треба да проаботи за да може течноста да циркулира некое време. Нема смисол да се очекува брз резултат. Најмногу околу еден час подоцна сенфот се справува со течноста и автомобилот одново може да се стартува.

Се разбира, после смена или ремонт на системот за ладење треба да се измие добро, водата да се смени со антифриз, а сите цевки треба да бидат проверени. Методот е погоден за повеќето безнадежни ситуации во кои нема друго решение. Во такви случаи пакет сув сенф во багажникот може да ве спаси на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK