Воздушните перничиња за разлика од минатото кога биле дополнителна опрема, денес се дел од стандардната опрема на секој нов автомобил. Речиси сите автомобили под 2000 година се опремени барем со едно воздушно перниче.
Но дали овие перничиња кои спречуваат големи повреди и секако спасуваат животи имаат свој рок на траење.
Одговорот на ова прашање е “Да”. Денес се произведуваат два типа на воздушни перничиња односно капсули за истите. Едните се создадени од пластика и стакло, а другите од алуминиум и стакло. Првите, се покажани како понеиздржливи односно со текот на времето во нив навлегува влагата со што се губи нивната функционалност.
Оттука произлегува и ризикот за нивна нефункционалност 10 до 15 години од купувањето на автомобилот. Токму и одредени истражувања и практични тестови покажале дека автомобилите постари од 15 и 20 години располагаат со нефункционални воздушни перничиња.
Поради тоа, доколку имате автомобил постар од 2000 година, а при тоа е опремен со воздушни перничиња најдобро е да се обратите до некој сервисен центар каде ќе направите проверка на воздушните перничиња.