Има надеж за дизел моторите: Со помош на водород добиваат нов живот

ОБЈАВЕНО НА:

Стандардните дизел возила би можеле да добијат нов живот, а тоа би се случило со технологијата за вбризгување на водород во цилиндрите. На овој начин ќе се помогне во намалувањето на потрошувачката на гориво, но ќе се намали и загадувањето на околината.

Ваквото решение е применливо и на старите мотори, а тоа го потврдува и компанијата од САД, HyTech Power која повеќе од десет години развива технологија која би можела да ги „освежи“ дизел моторите. Со оглед на тоа што ова е време кога многу компании се насочуваат кон возилата на електричен погон, а градовите и државите полека почнуваат да ги забрануваат дизел моторите со внатрешно согорување ова би можела да биде технологија што ќе спаси голем број на стари дизел возила.

HyTech Power, има начин како да вбризга чист водород во запалива смеса во цилиндар на дизеловиот мотор и тоа пред неговото стартување. Мешавината од воздух, гориво и водород на тој начин дава силна експлозија, со помала потрошувачка на дизелот и со тоа овозможува 20-30 проценти помала потрошувачка на гориво, 85 проценти помала емисија на штетни честички, а од 50 до проценти помала емисија на CO2.

Досега проблемот во овој пристап беше како да се дојде до чист водород. Споменатата компанија изгради мал состав за електролиза кој водородот го издвојува од водата со користење на електрична енергија добиена од самиот дизел мотор и неговиот алтернатор. На почетокот на штедењето генерирано од страна на водородот со помош на согорување не можеле да ги надоместат губитоците настанати со производство на водородот, но во HyTech Poweru развија нов состав кој за електролиза троши 3-4 пати помалку енергија од порано.

Покрај сето ова го имаат компјутеризирано составот, а компјутер е задолжен за прецизноста во времето и за количината на водородот кој се уфрла во цилиндрите, па ICA составот стана уште поефикасен.

Сега компанијата развива склоп кој би можел да се вгради во кој било стар дизел мотор и на тој начин да му даде нов живот и воедно и да ги подобри карактеристиките. Цената се движи околу 10.000 што кај големите камиони низ заштеда на горивото се исплаќа за период од девет месеци.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK