вторник, 25 декември, 2025 година

Има голема побарувачка: Seat започна со производство на Arona и Leon во Алжир

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Трендот на раст на продажбата на Seat и натаму продолжува. По минатата рекордна година, Seat забележа и рекордна полугодина кога е во прашање продажбата.

Поради тоа, за да може навремено да ги испорача автомобилите и да одговори на зголемената побарувачка, Seat објави дека започнува производство на Leon и Arona во фабриката во Алжир.

- Advertisement -

“Со цел да одговориме на нашата глобална стратегија, неопходно е да произведуваме модели и надвор од Европа, како што и другите европски производители” изјави Вице претседателот за маркетинг и продажба Вејн Грифитс. Тој ја потенцираше важноста за северно афричкиот пазар и моменталната улога на Seat, бренд најзаслужен за брзата експанзија на Volkswagen групацијата во овој дел од светот.

Инаку од 2017 година во фабриката во алжирскиот град Релизане се произведува Ibiza, а со Arona и Leon, производството ќе се искачи на три модели, наменети како за пазарите во северна Африка каде Seat бележи континуиран успех така и за Европа.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја