Има 1750 КС: Претставено најбрзото возило во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Долгоочекуваната премеира на најбрзиот автомобил се случи во рамките на овогодинешното издание на  Pebble Beach Concours d’Elegance.

Со 1.750 КС и максимална брзина од 483 км/ч, SSC Tuatara е новиот крал на брзината поминувајќи го Bugatti Chiron, Koenigsegg Agera и Hennessey Venom F5 на патот до врвот. Најзаслужен за добивање на епитетот “најбрз” автомобил е 5.9 литарскиот V8 мотор кој со 8.800 вртежи во минута продуцира неверојатни 1.750 КС.

Во однос на димензиите, Tuatara е долга 4.429 мм, ширината изнесува 1.991 мм додека висината само 1.092 мм. Благодарение на конструкцијата која во најголем дел е изработена од јаглеродни влакна, тежинатата на овој супер брз автомобил изнесува 1.247 килограми.

Овој автомобил е дело на Џејсон Кастриот, а се произведува во фабриката на Shelby Super Cars, во близина на Вашингтон. Компанијата веќе започна да прима нарачки, а од првичните 40 планирани се производство на само 100 примероци. Цената која беше објавена во 2011 година кога беше и претставен концептот изнесуваше 1 милион долари, но сепак оваа цена сега е драстично поголема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK