вторник, 25 декември, 2025 година

Илон Маск откри детали за евтината Tesla 

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Tesla конечно ја откри тајната околу долгоочекуваното евтино електрично возило. Наместо целосно нов модел, ќе добиеме поекономична верзија на веќе постоечкиот и многу популарен кросовер Model Y.

„Тоа е едноставно Model Y,“ изјави Илон Маск за време на конференциски повик на кој беа претставени финансиските резултати за второто тримесечје на компанијата. Со тоа, тој стави крај на шпекулациите што траеја повеќе од една година, а кои најавуваа целосно нов модел под името „Model 2“.

- Advertisement -

Tesla потврди дека првичната продукција на новата верзија на Model Y започнала во јуни, а масовното производство се очекува во втората половина на 2025 година.

Според потпретседателот за инженерство Ларс Морави, компанијата нема веднаш да го зголеми производството на оваа верзија. Тој рече дека Tesla ќе се фокусира на актуелните модели во третиот квартал, особено затоа што федералниот даночен кредит за електрични возила во САД истекува на 30 септември.

Поширокото достапност на поевтиниот Model Y се очекува во четвртиот квартал, што значи дека на пазарот ќе биде достапен кон крајот на 2025 година.

И покрај гласините за нов, компактен модел од 25.000 долари, сега е јасно дека Tesla не планира нов хечбек или радикално нов дизајн, туку поедноставена и поевтина верзија на постојниот Model Y. Се претпоставува дека ќе се користат поосновни материјали и опрема, со цел да се постигне пониска цена и поширока достапност.

Овој модел, кој интерно се води со кодното име E41, се очекува да стане новата влезна точка во светот на Tesla, особено за купувачите кои досега не можеа да си дозволат електрично возило на брендот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја