Илон Маск бара совети од клиентите за новиот модел на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Во времето на промоција на камионот и роудстерот на Tesla минатиот ноември, Илон Маск покажа мал цртеж на целосно нов електричен пикап, доволно голем за да го вози стандардниот пикап. Чудниот концепт е вклучен во производствените планови на иновациската марка после пуштањето на пазарот на Model Y.

Сега Маск се појави на Twitter со молба до фановите да дадат свои предлози, а покажа и некои спецификации на идниот пикап.

Машината се претставува како намалена варијанта на камионот Semi, но Маск тврди дека таа ќе може да се вози и со аматерска лиценца. Стандардно ќе има два мотори со погон на четири тркала со „неверојатен вртежен момент“ и активно прилаголдива суспензија.

Маск подкажа дека товарањето и истоварањето на камионот ќе биде лесно благодарение на специјално контруираниот заден дел, закачен на четири држачи и може да се спушти на земја исто како и товарните врати на некои камиони.

Покрај тоа машината ќе може да се паркира со помош на камера од 360 степени и сонарен систем, а исто така ќе има и надворешни контакти со електричните апарати околу возилото.

Засега, конечниот дизајн на електричниот пикап на Tesla  не е конечно решен. Затоа, Маск ја прашува својата публика за моделот да биде подготвен од дизајнерска гледна точка за лансирањето на малиот SUV Модел Y, кој се очекува на почетокот од следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK