Надминувањето на ограничувањето на брзината до 20 км/ч им се заканува на возачите во Естонија со казна од 45 минути „запирање за одмор“. Оваа алтернативна казна ќе се применува во Естонија од 1 декември.
Прекршителите ќе имаат и избор. Тие ќе бидат замолени да платат казна за возењето со зголемена брзина или да се тргнат од патот во период од 45 минути. Ќе биде можно прекршителите да „одморат“ на специјално одрдени места додека го чекаат крајот на казната.
Такви санкции можат да бидат толку ефективни, колку и плаќањето на казна бидејќи никој не сака да чека и да губи драгоцено време. За други оваа варијанта може да биде поприфатлива од финансиската казна. Сега во Естонија казната за зголемена брзина со 20 км/ч или повеќе е во износ од три евра за секој километар над утврдената норма.
Треба да се има на ум дека воведувањето на таква казна не е ново. Пред да се одлучат на преземање на ваков чекор, властите во Естонија организираа соодветен експеримент, кој беше спроведен есента во 2019 година. По разгледувањето на резултатот, идејата за оваа алтернатива „парична казна“ беше поддржана.