Како што во Европа за тестовите за сигурност и безбедност е задолжена Euro NCAP организацијата, во САД за таа намена задолжена е IIHS. Последен во низата автомобили кој се најде на овој тест е Genesis GV80 кој беше претставен минатата година како моделска 2021 година.
Ова возило освои одличен скор освојувајќи највисоки оценки во 8 категории, а во останатите две освои прифатлив скор. Оттука, безбедноста на возачот, совозачот и останатите на патници на задната клупа е повеќе од просечна.
Целосниот краш тест може да го погледнете во продолжение.