И официјално Volkswagen Golf R – ќе има 315 КС и Drift мод

ОБЈАВЕНО НА:

Точно една година по премиерата на осмата генерација на Volkswagen Golf, германскиот прозиводител ја претстави и долгоочекуваната спортска R верзија. Премиерата на оваа верзија доаѓа со задоцнување откако истата првично беше закажана за на фестивалот во Гудвуд, но поради коронавирусот истата подоцна е и откажана.

Она што сите го очекуваа е податокот за моторот. Така под хаубата сместен е 2,0 литарски турбо бензински мотор кој располага со 235 kW односно 315 КС и 420 Nm обртни моменти. Во понудата доаѓа со 6 степен мануелен, но и седум степен автоматски менувач.

Благодарение на овој мотор до стотка забрзува за 4,7 секунди додека пак максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.

Доаѓа со погон на сите четири тркала, 19 инчни алуминиумски точкови, aero body kit кој вклучува преден спојлер, задни четири отвори, заден кровен спојлер, ретровизори во матирана хром боја, понизок клиренс од 20 мм. Тука се и шесте модова на возење, вклучувајќи го и новиот Drift мод.

Volkswagen Golf R

Под хаубата сместен е 2,0 литарски турбо бензински мотор кој располага со 235 kW односно 319 КС и 420 Nm обртни моменти. Во понудата доаѓа со 6 степен мануелен, но и седум степен автоматски менувач.

Внатрешноста е обложена со Nappa кожа со сини детали, воланот е исто така со кожа и со греење додека педалите имаат спортски изглед благодарение на не’рѓосувачкиот челик.

Секако, не изостануваат и напредните технологии за безбедност и сигурносна асистенција на возачот.

https://www.youtube.com/watch?v=txmuhxmckNI&feature=youtu.be

Цената останува непозната и истата би требало да биде откриена до крајот на годината кога ќе биде овозможено и нарачувањето на оваа верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK