Кога си во неволја и може да добиеш казна тогаш даваш се да се спасиш. Правиш можеби и несекојдневни работи. Но, целта ги оправдува средствата. Најважно е да не бидеш казнет.
Да се потсетиме на една несекојдневна случка од Русија. Во летото 2014 година, неименувана сопственичка на Mazda CX-5 го понуди својот талент за да се спаси од кревање на своето возило поради непрописно паркирање.
Дејството се одвива во центарот на рускиот град Тула каде неименуваната Русинка откако забележа дека и е кренат автомобилот од страна на пајак службата веднаш дотрча и се качи на возилото на пајак службата.
И покрај одличниот танц, возилото и беше однесено. Служба си е служба, зар не!?