Иднината не е во електричните возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Ги почитуваат поради своите интересни гледања на автомобилите, иако не ретко знаат да бидат и доста ексцентрични. „Тројка“ што работеше на култниот „Top Gear“ сега подготвува ново шоу – „Grand Tour“ за сајтот Амазон.

Џереми Кларксон еден од тројцата водители во интервју за американските медиуми вели дека иднината не е во електричните возила. Неодамна имаа тест на Tesla и го направија „парче“ по што следеше тужба од компанијата. Но, истата ја изгуби компанијата, повторно се жалеше и повторно загуби.

„Електричните автомобили не се иднината. Веќе сега имаме проблеми да произведеме доволно струја за компјутерите, телефоните и осветлувањето. Што ќе биде ако одеднаш сите преминат на автомобили со електричен погон. Некои квартови во Лондон и Њујорк веќе имаат проблеми поради тоа, велки Кларксон.

Според него најголемиот проблем кај автономните возила е од морална природа. Доколку тие се најдат во ситуација да избираат дали ќе го спасат возачот или другите луѓе во сообраќајот, што ќе стори.

Откако се скараа со продуцентите на емисијата Top Gear, сите тројца водители заминаа. Сега на снимањето на најавата за новото шоу уништиле 27 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK