Иднината на Honda е тука – претставен e:concept

ОБЈАВЕНО НА:

Таман се навикнавме на тоа Honda да претставува мали електрични концепти, јапонскиот производител претстави димензионално голем концепт.

Станува збор за e:concept – SUV електрично возило кое како концепт возило дебитираше на саемот во Пекинг кој се одржува во моментов.

Овој концепт ја одредува всушност иднината на јапонскиот правец и претставува визија која ќе се реализира наскоро.

Honda SUV e:concept

Иако нема објавено никакви технички податоци и други информации, шпекулациите говорат дека овој концепт е наменет за кинексиот пазар, но не се исклучува негова комерцијализација и на останатите континетни.

Honda SUV e:concept

Продукцисиот модел се очекува да биде претставен во 2022 или 2023 година, а првите официјални податоци за овој концепт треба да бидат објавени во текот на следната година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK