ID. BUZZ ќе биде првиот автономен автомобил на Volkswagen Group

ОБЈАВЕНО НА:

Сериската верзија на концепцискиот развој ID. BUZZ, која Volkswagen ја претстави за време на меѓународниот саем во Детроит во 2017 година ќе биде првиот пазарен предлог на групата, кој ќе биде во состојба да вози автономно.

Серискиот целосно електричен ID. BUZZ ќе биде дел од понудата на Volkswagen Commercial Vehicles (VWCV), кој во моментов работи засилено по планот за развој и воведување во употреба за решенија за автономно управување во 2025 година.

„Во текот на оваа година првпат спроведевовме теренски тестови во Германија, на кои ќе биде користен системот за автономно управување на Argo AI кај ID. BUZZ на Volkswagen Commercial Vehicles“, вели Кристијан Зенгер, директор на одделот Autonomous Driving.

Сериската верзија на Volkswagen ID. BUZZ ќе има светска премиера во текот на следната година.

Концептот ID. BUZZ ќе дебитира со систем за погон на четири тркала, а двата електромотори беа со моќност од 369 коњски сили. Со најавената автономна километража од околу 600 километри, електромобилот е во состојба да забрза од 0 до 96км/ч за околу пет секунди и да развие брзина на движење од околу 160 км/ч.

Volkswagen I.D. BUZZ е опремен со батерија (111 kWh), која може да биде наполнета до 80% за околу 30 минути при закачувањеот на систем за брзо полнење (150 kW).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK