Поголема сила, густина на енергија, продолжен работен век, автономија и ниска цена. Сето ова го ветува технолошкиот гигант IBM со своите нови батерии за електрични возила. Неверојатен е самиот извор на материјалот за батерии.
Додека конвенционалниот произведувач користи литиум, кобалт или никел, IBM тргна во целосно друг правец, а се чини дека тоа е и логичен избор бидејќи сегашните батерии имаат лимити.
Во IBM истакнуваат дека материјалите за своите батерии ги црпат од неограничен извор, а тоа е морската вода. Ветуваат полнење на батериите до 80 проценти за само пет минути, многу пониска цена од сегашните производи кои користат ретки и скапи медали. Научниците во IBM најавуваат и подобра трајност и ниска запаливост.
Засега научниците немаат откриено кои материјали извлечени од морксата вода ја прават базата на новите батерии и тоа останува уште тајна. Во лабораториските тестови батеријата се покажала подобра од актуелните во сите важни параметри, па и во зачувување на поголема количина на енергија. Во целина во проектот е вклучен и Mercedes-Benz.