Возачите често се бунат дека казните за прекршување на сообраќајните правила се превисоки, и дека само тие се казнуваа, додека пешаците кои многу повеќе прават прекршоци малку се изложени на глоба. Но, во Законот постои казна и за пешаците.
Еве за што може да бидат казнети пешаците и колкава е глобата за прекршување на сообраќајните правила.
*** поврзани вести
https://24auto.mk/vesti/makedonija/mali-prekrshotsi-za-koi-politsijata-mozhe-da-ve-kazni/
Според Законот, пешакот, по правило, не смее да се движи и да се задржува на коловозот. Ако пешакот се движи по коловозот, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата.
* Во спротивно е предвидена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.
Пешакот што е со намера да премине преку коловозот на место каде што не постои обележан пешачки премин, не смее да стапи на коловозот ако со тоа го попречува сообраќајот на возилата.
* Во спротивно е предвидена глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност.
На обележан пешачки премин на кој сообраќајот на пешаците е регулиран со светлосни сообраќајни знаци за пешаци, пешакот е должен да постапува според тие знаци.
* Во спротивно е предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.
https://24auto.mk/vesti/makedonija/politsijata-ima-zasileni-aktsii-eve-kolku-se-kaznite-za-brzo-vozene/









