И Volvo, Renault Group и JLR со пад на продажбата минатата година

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo, Renault Group и Jaguar Land Rover се последните во низа производители кои ги објавија продажните бројки за минатата деловна година.

Шведскиот производител оствари пад од 6,2% во споредба со 2019 година, остварувајќи продажба од 661.713 автомобили. Најпродаван модел на Volvo е моделот XC60 кој беше продаден во 191.696 примероци. Од друга страна, најголем пазар останува европскиот каде и покрај падот од 15,5% успеа да испорача 287.902 примероци.

И Renault Group забележа пад на продажбата и тоа од 21,3% на глобално ниво. При тоа испорачани се вкупно 2.949.849 возила. Она со што може да се пофали францускиот прозиводител е тоа што во Европа минатата година испорача 115.888 електрични возила.

JLR забележа пад од 23,6% продавајќи 425.974 возила на глобалниот пазар. По брендови, Land Rover продаде 323.480 возила додека пак Jaguar 102.494 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK