И во САД уапсени учесници во бегството на Гон

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во Турција пред некоја недела беа уапсени неколку директни учесници во бегството на Карлос Гон од Јапонија, и во САД се случи истото.

Во акцијата која беше спроведена од полицијата во Масачусец, по налог на обвинителството лишени од слобода се Мајкл Тејлор и неговиот син Питер Тејлор.

Оваа акција следи по темелната истрага спроведена од страна на јапонското обвинителство кое утврдило вмешаност на овие лица.

Се наведува дека 59 годишниот Тејлор и неговиот 27 годишен син на два пати се сретнале во хотел во Токио со Карлос Гон и со уште едно лице, а потоа отпатувале во Осака. Од Осака во Токио пренеле два големи сандука за аудио опрема, а во едниот од нив успеале да го шверцуваат Карлос Гон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK