Во текот на 2020 година треба да заврши процесот на имплементација на единствениот европски број за итни повици – 112, и најдоцна до почетокот на следната 2021 д апочне и целосно да функционира, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Овој број 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Македонија, како и странции кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра. Овој број функционира во земјите на ЕУ.
Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи.
Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар.
Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena“.