Уште еден возач својата верност на GPS навигацијата скапо го чинеше. Возач во францускиот град Марсеј заврши во морето и тоа токму како последица на GPS навигацијата.
Поради лошите временски услови, возачот се ја следел навигацијата која покажувала дека се наоѓа во тунел, а не пат во чија непосредна близина се наоѓа морето.
Возејќи се и при тоа следејќи ги целосно препораките на навигациониот систем, возачот преку рампата завршил во мореето. За среќа покрај потопениот автомобил нема други настрадани.
И во ноември минатата година имаше случај кога возач заврши во морето, па оттука граѓаните сметаат дека причината за тоа е немањето соодветна заштите. Тие веќе неколку месеци бараат поставување на заштитни бариери, но безуспешно.
Наравоучение: Читајте знаци, карти и гледајте каде возите.