Логичен след беше премиерата на електричанта Proace Verso, откако претходно PSA Групацијата ги претстави електричните Citroen Jumpy, Peugeot Expert и Opel Vivaro.
Како и наведените модели така и Toyota Proace Verso Electric ќе располага со идентична електрична технологија која му обезбедува електромотор кој продуцира 136 КС и 260 Nm. Благодарение на истиот, максималната брзина која ја постигнува е ограничена на 130 км/ч.
Основната верзија располага со 50 kWh батерија која обезбедува автономија од 230 км, според последните WLTP стандарди. Помоќната верзија пак, е опремена со батерија од 75 kWh која обезбедува автономија од 330 км.
Елктричниот погон е достапен во сите четири изведби, Combi, Shuttle, Family и VIP.
Toyota Proace Verso Electric
Во однос на внатрешноста нема никакви измени, исто како и целокупниот екстериерен дизајн.
Првите испораки се очекуваат на почетокот на следната година, а во однос на цената истата се очекува да биде позната на почетокот на декември.