сабота, 25 ноември, 2025 година

И тоа се случи – Германците увезуваат половни автомобили од Босна

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кој би можел да помисли дека некогаш од Балканот ќе се извезуваат половни автомобили во Германија?

Веќе една година се забележува тренд на пораст на извозот на половни автомобили од Босна и Херцеговина кон Германија, а во помала мера и во Австрија. За ова најзаслужна е Golf двојката која добива на се поголема популарност во Германија.

- Advertisement -

Овој модел се произведуваше долги години во фабриката на TAS во Сараево. Поради тоа во Босна и Херцеговина беше многу популарен автомобил во 80-те години па оттука во буквална смисла, секој втор Босанец го вози овој автомобил.

Од друга страна во Германија овој модел е дефицитарен, па оттука под влијание на трендот на купување стари автомобили, Германците, особено фановите на Volkswagen автомобилите полудеа по него.

RadioSarajevo пренесува дека интересот на Германците е се поголем, а домашните трговци овој модел опремен со 1,6 литарски дизелски мотор со 54 КС го продаваат од 2 илјади па се до 10 илјади евра, во зависност од состојбата.

Еве шанса на сите оние кои имаат Golf II во Македонија да го продадат за солидни пари. Се што треба да се направи е да се огласи на некој од германските сајтови за купо-продажба на половни автомобили.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја