Фирмата Меер од Филипините успеа да направи електричен мотоцикл од „бамбус“, а името кое беше дадено е Green Falcon (Зелен сокол). Тој е прикажан на изложбениот саем Manila Fame Show, на кој инженери и дизајнери ги претставуваат своите иновациски изработки со користење на бамбус. Сите се создаени во рамки на програмата Bamboo Extreme.
Според изјавата на шефот на компанијата, Кристофер Перес Ларсен, направени дрвени панели од бамбус тежат едвај 6,5 килограми, а тоа ја прави конструкцијата далеку полесна. Од компанијата тврдат дека независно од оригиналниот материјал возилото е потполно комфорно бидејќи дизајнот на седиштето наликува повеќе на коњско седло.
За „Зелениот сокол“ специјалистите на Меер создале двослоен бамбусов корпус, кој вклучува седиште, капак на електромоторот и акумулаторски блок. Во предниот дел на корпусот е вграден мерач за брзина. Техничките карактеристики не се соопштуваат, нососема извесно е дека максималната брзина на Green Falcon е ограничена на 97 км/ч, додека со едно полнење на акумулаторот ќе можат да бидат поминати 50 км.
Засега не се објавуваат ниту плановите за сериско производство на бамбусовиот електричен мотоцикл. Според Ларсен, задачата на Green Falcon е да натера и други производители да почнат поефективно да ги користат природните ресурси. Кон 2020 година, Владата на Филипините планира да засади 10 милиони хектари со бамбус, а засега се води интензивна потрега по нови идеи со неговото користење.