И тоа е предвидено во законот: Полицијата казнува и ако возите споро!

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто се пишува за казнување на возачи што ја пречекориле максималната дозволена брзина на патиштата и глобата што треба да ја платат за тоа. А таа не е мала. Но, во Законот постои глоба и ако возите споро. Можеби некому нема да му биде јасно, но сепак кога сте на пат треба и тоа да го имате предвид.

Според одредба од законото, Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Казна има и ако го попречувате возачот. Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило, во спротивно е предвидена глоба од 50 евра во денарска противвредност.

Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба. Предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK