Пензионер на 75 години е сопственик на еден од најбрзите возила од марката Golf на островот. Тој има син хечбек кој развива 600 коњски сили, а пред да го купи ова возило поседувал BMW M135i. Ова покажува дека и возрасните сакаат брзи работи.
Дволитарскиот четирицилиндричен турбо мотор на стандардниот Golf R развива 310 коњски сили и има максимален вртежен момент од 400 Нм. За да ја достигне сегашната моќност, моторот е снабден со експериментален Turbonetics. Таков компресор со таков размер е монтиран само на две Golf возила во целиот свет.
Нема информација што влијаело за двократното зголемување на моќноста на динамичните каракеристики на хечбекот. Серискиот Golf R забрзува од 0 до 100 за 4.5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.
Покрај со гигантската турбина, „пензионерскиот“ автомобил е опремен и со модернизиран среден ладилник, специјално развиена пумпа за гориво, внесувач за воздух RacingLine и издувен систем Milltek.
Нема информација дали на 75 години овој возач редовно го користи возилото или пак му стои во гаража и само се фали.