Шпанија по Италија е втората најпогодена европска земја од коронавирусот. Со цел да излезе во пресрет на потребите на здравствениот систем и да се подобри медицинската заштита, SEAT започна со производство на респиратори.
Од денеска наместо автомобили во фабриката Марторел во близина на Барселона излегуваат респиратори, објави шпанскиот производител.
“Мотивацијата на сите кои учествуваме во овој проект е да помогнеме со нашето знаење во масовното производство на опрема која ќе ни ги спаси животите” изјави Николас Мора од производственото одделение на SEAT.
Претходно и италијанските производители Fiat, Ferrari и Lamborghini ги искористија совите капацитети за производство на опрема за потребите во борбата против коронавирусот.